Најмногу смртни случаи од Ковид-19 во Русија за едно деноноќие

Во последното деноноќие во Русија се регистрирани 150 смртни случаи од корона вирус, што е најголем број на починати во еден ден во земјата, соопшти Штабот за превентивни операции против епидемијата на Ковид-19.

Бројот на заболени лица во последното деноноќие изнесува 8.894, што е седми ден по ред под 10.000 лица.

Вкупниот број на заразени лица со корона вирус во Русија е 326.448, а починати се вкупно 3.249 лица.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ