Американски лек за Ковид-19 добива дозвола за употреба во ЕУ

ЕУ ќе дозволи употреба на американскиот ремдесивир во третманот на новиот коронавирус. Директорот на Агенцијата за лекови на ЕУ, Гуидо Раси најави издавање дозвола за употреба на ремдесивир. Станува збор за продукт на американската фармацевтска компанија „Гилеад“, што според првичните истражувања го намалува времето на хоспитализација во случај на инфекција со новиот коронавирус за 31 процент во однос на плацебо.

„Можно е во следните денови да се издаде условна лиценца за лекот“, изјави Раси пред Европскиот парламент.

Европската агенција за лекови препорача ремдесивир во третманот на новиот коронавирус за најтешките случаи на инфекција и пред да издаде официјално овластување за употреба.

САД издадоа дозвола за итна употреба за ремедивир во своите болници на 1 мај, а клиничките истражувања за овој лек треба да биде готови до крајот на месецот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ