
ООН: Ковид – 19 е закана за нашето ментално здравје
Светската здравствена организација предупредува дека ковид-19 можно е никогаш да не исчезне. Извршниот директор Мајк Рајан, изјави дека не може да се направат предвидувања кога светот ќе се справи со вирусот. ХИВ се уште е тука, но ние најдовме начин да живееме со вирусот, рече Рајан. Во моментот се во тек повеќе од 100 тестирања за добивање на адекватна вакцина. Најоптимистичко сценарио според Европската агенција за здравство е вакцината за Ковид-19 да биде подготвен за една година.
Поради пандемијата на коронавирус „малку веројатно“ е дека светските лидери и илјадници други учесници ќе можат да пристигнат во Њујорк во септември за годишното генерално собрание на ООН, изјави генералниот секретар Антонио Гутереш. Состанокот по повод одбележува 75-годишнината од основањето на светската организација најверојатно ќе се одржи преку видео конференција. Гутереш со оценка дека ковид – 19 не само што го напаѓа нашето физичко здравје, туку е закана за нашето ментално здравје.
-Менталното здравје е сржта на нашето човештво. Тоа ни овозможува да имаме богат и исполнет живот и да придонесуваме во нашите заедници. Но вирусот ковид – 19 не само што го напаѓа нашето физичко здравје, туку го зголемува и психолошкото страдање. Тагата поради губитокот на саканите, шокот поради изгубената работа, изолацијата и ограничување на движењето, тешката семејна динамика, неизвесноста и стравот за иднина. Проблемите со менталното здравје, вклучувајќи ја депресијата и анксиозноста, се едни од најголемите причини за страдања во нашиот свет, рече Антонио Гутереш, генерален секретар на ООН.
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, кој се покажа позитивен на тестот за коронавирус е хоспитализиран и има воспаление на двете белодробни крила.. Песков изјави дека персоналот на администрацијата на Путин речиси секојдневно се тестира на коронавирус, а аналитичарите порекнуваат дека можеби во опасност од зараза е и здравјето на Путин.
-Мислам дека сега (за време на котона кризата) комуникацијата (меѓу путин и песков) не одвива секогаш лично. Можеби се случаат и по телефон. Од тука заразата на Песков не значи нужно дека можеби и Путин е болен, вели Абас Галиамов, аналитичар.
За порв пат по 2 мај Русија денеска има помалку од 10,000 заразени за 24 часа. Оперативниот штаб против коронавирус соопшти дека 93 лица починале во текот на ноќта, а вкупниот број заразени сега е повеќе од 252.200.
Билјана Ставрова