
Видео: Жестоки судири во Црна Гора по апсењето на свештениците на СПЦ кои водеа литија наспроти забраните поради корона
Во Црна Гора доцна вечерва во повеќе градови имаше протести по апсење на владиката на СПЦ Јоаникије и на уште 7 свештеници поради тоа што неја почитувале забраната за масовни собири и воделе литија по улиците и надвор од црквените објекти.
Утрово 8-мината свештеници на СПЦ беа приведени и им беше определено 72-часовно полициско задржување.
Групи демонстранти потоа се собраа пред полициските станици каде се приведените попови, како и на плоштади во повеќе црногорски градови.
Протести имаше во повеќе градови, а најголемите беа во Никшиќ и во Пљевља каде полицајците со солзавци и чадни бомби одговорија на дел од насилните демонстранти.
Црногорските медиуми објавуваат дека во немирите се приведени десетици демонстранти, а 22 полицајци се повредени.
Апсењето на епископот Јоаникије (слика лево) и 7 верски службеници е реализирано откако надлежните црногорски институции соопштија дека свештениците не се придржувале до договореното дека ќе ги почитуваат мерките за заштита од корона и нема да водат масовна литија низ улиците на Никшиќ, но потоа имало литија.
Нередите се случуваат во време кога постои затегнат однос меѓу Црна Гора и Србија откако беше донесен закон за верските заедници кој ја намалува улогат ана СПЦ во црногорското општество и покрај тоа овозможува запленување на имот и на цркви и други верски објекти од СПЦ доколку таа не ја докаже сопственоста.
Српските власти и СПЦ го осудија апсењето, а проруската црногорска опозиција првин најави протести но потоа ги откажа.
Претставници на црногорската полиција соопшти дека демонстрантите ги прекршиле сите заштитни мерки, а покрај тоа биле насилни кон полицајците. Кај дел од нив се најдени и ножеви, секири, палки.