Во Франција нема да има верски обреди до 29 мај – Во Калифорнија отворана фабриката Тесла

И покрај барањата на сите верски заедници, во Франција до 29 мај не се дозволени верски обреди, датум кој се совпаѓа со верскиот календар на христијанската, муслманската и еврејската верска заедница. Ова е дискриминација велат од исламската заедница кои бараа забраната да падне пред 24 мај кога тие треба да го прослават рамазан бајрам.

После два месеци, денеска пазарите се повторно отворени во Париз. Тезгите се распоредени на поголема оддалеченост од вообичаената за да се испочитува препорачаната дистанца. Парижани задоволни што повторно можат да пазаруваат на отворено, а на трговците не им е тешко да ги почитуваат oграничувањата.

-Не е тешко, бидејќи побарувачката на храна малку се промени зашто постојат ограничувања на кои треба да се придржуваме, но не можам да кажам дека е тешко. Тоа се само привремени ограничувања- Бењамин Буш, продавач на риби.

Берлин ги отвори вратите на музеите и галериите за посетители. Шпанија ќе бара од сите кои по 15 мај доаѓаат од странство да бидат ставени во карантин 14 дена. И плановите на Европската унија се да ги укине мерките за контрола на границата во Шенген зоната во наредните 30 дена, а британскиот премиер Борис Џонсон претпазлив олеснувањето на рестриктивните мерки ќе се одвива со „детски чекори“, односно дека може да се вратат мерките доколку стапката на заразени повторно се зголеми.

Калифорнискиот брег денеска изгледа како ниту една мерка веќе да не е на сила- полни јавни простори, без маски на лице и растојание, иако земјата е на второто ниво од планот за ублажување на мерките. Таму од вчера 10.000 работници повторно се во погоните на фабриката Тесла.

-Среќен сум што се враќам на работа. Мислам дека сме многу добро подготвени. Последните две недели ги поминав во проверка на социјалното дистанцирање. Ги следиме протоколите на Центарот за контрола на болести и работиме најдобро што можеме – Навид Хак, вработен во Тесла.

За разлика од Европа и САД, Кинеската здравствена администрација денеска соопшти дека повторното појавување на локални жаришта на коронавирусот во последниве денови наметнува мерките против епидемијата сè уште да не може да бидат релаксирани.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ