
Короната одново се појавува во Јужна Кореа и Кина, а Европа го отпушта ременот на безбедност
Короната одново се појавува во Јужна Кореа и Кина, а Европа го отпушта ременот на безбедност
Вухан повторно е центар на светот во очите на здравствените работници. Корона вирусот кој го сузбија одново им се враќа на кинските властите, но овој пат полека и незабележително. Кина и Јужна Кореја ја спречија епидемијата на коронавирус благодарение на мерките за физичко растојание и внимателен надзор, но како што животот постепено почна да се враќа во нормала во тие земји, се појавија нови жаришта на зараза и тоа поради очигледната способност на вирусот да продолжи да се шири незабележано. Маж во доцните 20-ти години го ширел вирусот посетувајќи ги ноќните клубови во Сеул, и го отпочна вториот бран на епидемијата соопшти претседателот на Јужна Кореја, Нун Цање- ин. Уште позагрижувачки е фактот што во Вухан се појавија нови случаи, градот кој од крајот на минатиот месец почна да се враќа во релативно нормален живот по 76 дена изолација.Иако бројката е далеку помала од оние што секојдневно се пријавуваат во Западна Европа и САД, враќањето на вирусот, особено во град со толку интензивен надзор и ограничувања како Вухан, ја доведува во прашање одржливоста на повторното отворање на градовите, коментира Си-Ен-Ен. Градот Шулан во североисточната провинција Јилин во Кина воведе мерки за затворање, откако беа потврдени 11 заразени лица. Може да излезе дека новите случаи се само капка во океанот и ќе бидат потиснати, но фактот што двете држави, кои, како што се чинеше, ја држат епидемијата под контрола, пријавуваат нови локални пренесувања, мора да биде причина за загриженост, говори американската телевизија. Без триумфализам и претпазливо , пак, од денеска Франција полека се враќа кон нормален живот. По, 55 дена поминати во неизвеснот и со забрани од денеска се нормализираат претпријатијата и јавниот, но не на целосна активност. Училиштата ќе почнат да ги примаат учениците од утре, но не сите, туку само оние кои се во тешкотија и чии родители тоа ќе го дозволат. Сепак, кај сите е присутен зборот претпазливост, за да не се поврати епидемијата и кривата на смртни случаи, што е најниска од почетокот на мај. Наспроти враќањето во „нормален“ живот, за да се запре економската рецесија, се повеќе се слушаат повици да се внимава на мерките за внимателнлост. Со оглед дека вирусот е се уште тука, бидејќи за него нема ниту лек, ниту вакцина. Од светската здравствена организација велат постои светло на крајот од тунелот, но сепак овој начин на живот ќе трае до откривање на вакцината.
Ако враќањето на работните места и економската активност со отворањето на сите продавници започнува од денеска, верските обреди ќе почекасат до 29 мај, но само ако ситуацијата не се влоши. Пандемијата корона вирус не запира. Повеќе од 4 милиони луѓе во целиот свет досега биле заразени од опасниот вирус додека животот го загубиле над 276 илјади лица. Најмногу нови случаи во Европа овие денови се регистрираат во Русија, која што со над 220 илјади случаи ја помина Италија, и е трета земај ан црната листа зад Шпанија.