
Короната го стега обрачот околу Трамп- тројца блиски соранотници во карантин
Ковид – 19 го стега обрачот околу американскиот претседател Трамп. Докторот Ентони Фаучи и уште двајца високи службеници од американската администрација се во карантин поради контакт со заразени лица од коронавирусот во Белата куќа.
Во двонеделна самоизолација се првиот човек на моќната Управа за храна и лекови Стефан Хан и директорот на Центарот за контрола и превенција од болести доктор Роберт Редфилд. Двајцата беа во контакт со лице со позитивен резултат од тестот за корона вирусот, иако се смета дека е мал ризикот и самите да се заразиле.
Најголемо име е докторот Ентони Фаучи (американскиот доктор Кон), кој е член на претседателскиот тим за борба против вирусот. Тој има 79 години и се прослави последните недели бидејќи на мирен, но одлучен начин јавно ги демантираше разните контроверзи околу лечење и избегнување на вирусот кои Трамп ги предлагаше, често настапувајќи на прес конференциите непосредно после претседателот. Тестот на Фалучи е негативен, но поради сомнителниот контакт е донесена одлука за двонеделна самоизолација.
Поради честите деманти кон Трамп тој ризикуваше да биде исклучен од тимот, но тоа не се случи бидејќи веќе ја стекна довербата на јавноста.
Фаучи од 1984 раководи со Националниот институт за алергии и заразни болести, тој е еден водечките експерти за борба против ХИВ и најгласен поборник за остри мерки на изолација и заклучување на државата во борбата против корона вирусот.
Меѓу заразените соработници е и прес секретарката на потпретседателот Мајк Пенс, Кејти Милер која е сопруга на советникот на Трамп, Стефан Милер. Шест члена од тимот на Пенс кои имале контакт со неа беа симнати од авионот на Пенс пред неговото полетување за Ајова, на средба со религиозните лидери, каде тој повторно го презентираше приоритетот на Трамп за отворање на Америка.
-Важно е сега да можеме повторно да ја отвориме Америка – приоритет кој председателот го соопшти пред две недели кога го претставивме планот за отварање на Америке, кој ја вклучува важноста за отворање на иституциите кои го зајакнуваат срцето и душата на Американскиот народ, рече Мајк Пенс, потпретседател на САД.
Илјадници американци излегоа денеска на протест во Вашингтон на протест против мерките за седење дома.
А германската полиција уапси 30 луѓе на протестот пред Рајхстагот во Берлин, кои протестираа против рестриктивните мерки и покрај тоа што мерките се ублажуваат.
Бројот на заразени со новиот коронавирус во светот надмина 4 милиони лица, а починаа повеќе од 280 илјади.
САД и натаму се на прво место по бројот на заразени – 1.347.309, како и по бројот на починати над 80.000.
Втора земја во светот, а прва во Европа е Шпанија со речиси 263.000, додека на третото место е Италија со 218.000 заразени. Повеќе од 200.000 заразени има Велика Британија, додека Русија е на петтото место по број на случаи на Ковид-19, каде се потврдени повеќе од 198.000 случаи на заразени со вирусот.
Билјана Ставрова