ОЗХО: Две- три недели се потребни за анализа на примероците за случајот Скрипал

На Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО) и се потребни две-три недели да ја заврши анализата, за да го разјасни труењето на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал.

– Примероците земени од експерти на ОЗХО, кои пристигнаа во понеделникот во Британија, ќе бидат испратени во централната лабораторија во Хаг, а потоа и во други специјализирани лаборатории, изјави генералниот директор на ОЗХО, Ахмет Јузјумџу.

– Ќе бидат потребни уште две- три недели за да биде завршена анализата, изјави тој во седиштето на ОН.

Јузјумџу додаде дека не сака да прејудицира каков ќе биде резултатот и одби да коментира дали анализите ќе докажат или не присуство на хемискиот агенс „Новичок“, развиен во Русија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ