Трамп контра експертите- „Си ја враќаме назад нашата земја“

„Си ја враќаме назад нашата земја“, кажа Трамп при посетата на фабрика за заштитни маски во Аризона, каде што самиот не носеше маска. Доналд Трамп потврди дека овој месец ќе го распушти својот специјален тим за борба против коронавирусот, иако експертите предупредуваат дека најлошото не поминало.

-Нашата земја сега е следната фаза на битката- многу сигурно, по фази и постепено повторно отворање. Значи повторно отворање на нашата земја. Кој некогаш ќе помислеше дека тоа ќе го кажиме? Повторно отворање. Повторно отворање, рече Донал Трамп, претседател на САД.

Интерен извештај што протече од Белата куќа предвидува дека во САД до крајот на јуни би можело да има 3.000 починати од КОВИД-19 на ден, па новиот потег на Трамп ги зголеми грижите и критиките дека тој го жртвува јавното здравје на Американците заради економските императиви.

Според универзитетот Џонс Хопкинс, во САД досега има 1,2 милиона потврдени случаи на коронавирус и 70.000 починати. Моментално на дневна основа има 20.000 новозаразени и над 1.000 смртни случаи.

Се погласни се тврдењата дека дека не постои научна основа дека новиот коронавирус е создаден во кинеска лабораторија или оти „побегнал“ од лабораторија откако бил земен од дивина.

Советникот на британската Влада, епидемиолог Нил Фергусон поднесе оставка откако ги прекрши правилата за изолација и се сретна со својата партнерка.

Професорот Фергусон, кој го советуваше британскиот премиер Борис Џонсон да воведе мерки за карантин и им „држеше предавање“ на граѓаните дека мора да ги почитуваат строгите мерки на социјална изолација, поднесе оставка на позицијата советник вели дека згрешил бидејќи и дозволил на својата партнерка, која е мажена, да го посетува во неговиот дом.

Во Кина денеска се пријавени два нови случаи на коронавирусот, додека провинцијата Хубеи, некогашно жариште на епидемијата, го одбележува 32-от ден без нов случај на оваа зараза.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ