СЗО: За една недела бројот на заразени со Ковид-19 во Европа се зголеми за 15 отсто

Бројот на заразени со новиот коронавирус во Европа се зголеми за 15 проценти во последните седум дена, а бројот на смртни случаи за 18 проценти. Ова го изјави денеска директорот на СЗО за Европа, д-р Ханс Клуге, на неделниот интернет-брифинг. Најголем број случаи има Шпанија, по што следат Италија и Велика Британија, Германија и Франција. Но, по мерките за социјално и физичко растојание сепак бројот на нови случаи се намалува.

Ситуацијата во европскиот регион и понатаму е сериозна. Во општи рамки, додека кривата во Западна Европа, градунетот на АП се качува во споредба во истокот. Низ целиот регион, збирно случаите пораснаа за 15 проценти во последните седум дена и сега изнесува

1.480.266 заболени. Смртноста порасна за 18 проценти во истиот период. Трагично е тоа што во тој период 129.344 луѓе го изгубија животот во Европа, вели д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.

За разлика од западноевропски земји, каде бројот на нови случаи е намален, во источниот дел на регионот се зголемува бројот на заразени.

Во источниот дел на регионот, Белорусија, Русија, Казахтан и Украина случаите се зголемија во текот на минатата недела, додека во Турција ситуацијата се стабилизираше. Овде мораме да ги задржиме целокупниот арсенал на мерки за да се стабилизира пренесувањето, вели д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.

Четири водечки научни организации во Германија истакнаа дека некои од мерките што се воведени да се спречи ширење на Ковид-19 мораат да останат на сила, додека не се пронајде вакцина или се постигне колективен имунитет.

Според истражување на кинески специјалисти во Хонгконг пациентите кои се излекувале од вирусот Ковид-19 и се отпуштени од болница може да носат честички од коронавирусот длабоко во нивните бели дробови, во таков случај не може да се открие инфекцијата со вообичаените тестови. Ова може да даде одговор на прашањето зошто некои оздравени пациенти повторно се заразуваат.

Ковид-19 се појави во 214 земји и територии во светот и зарази повеќе од три милиони луѓе, но 33 земји и територии се уште немаат пријавено ниту еден случај.

Меѓу овие земји спаѓаат Комори, Лесото, Таџикистан и малите островски држави на Тихиот Океан, како Науру, Кирибати и Соломонските Острови.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ