Персоналот во британската болница Халтон вежба за соодветна употреба на заштитната опрема 

Медицинскиот персонал во болниците во Велика Британија , требаше да ги адаптира процедурите, за да се справи со ширењето на корона вирусот. Во Варингтон и Халтон Тичинг болницата, близу Манчестер, медицинскиот персонал се ангажира подолго време, за да ги заштити пациентите и себе си. Одделенијата беа ефикасно затворени, со персонал кој ги проверува пациентите преку видео надзор, заедно со колегите кои работат на одделенијата, каде се лекуваат пациенти со корона вирус.

Безбедното движење е исцртано по чистите коридори , при селењето на пациентите од едно во друго одделение. А, персоналот прави вежби за да биде сигурен дека ги следи најефективните процедури , возможни да ги заштитат , додека се грижат за болните. Наспроти употребата на лична заштитна опрема за време на вежбите, вработените се грижат да не ги трошат драгоцените ресурси опрема.

  • Ние мораме да го зачуваме нашиот персонал заштитен. И да го најдеме вистинското време , за да ги ставиме вистинските комплети опрема, вели д-р Колин Вонг-консултант во Халтон Тичинг болницата.

Велика Британија до сега потврди 158348 инфицирани и 21157 починати од корона вирусот. Во оваа островска земја, се отвораат прашања за тоа, колку добро Владата се справува со пандемијата , особено кога треба да обезбеди лична заштитна опрема. А, Британската Влада вели дека сторила се што може , за да се справи со кризата. Во меѓу време, граѓаните се горди од нивото на третман што го дава медицинскиот персонал, со оптимистичките приказни за Ковид-19, додека пациентите ги празнат одделенијата, оздравени од инфекцијата.

  • Јас се чувствувам многу подобро. Јас сум многу посреќна. Бев многу исплашена, мислев дека можам да умрам. Тие се грижеа за мене многу добро, вели Дона Вол-пациент со Ковид- 19.

Битката со Ковид-19 продлжува во Британија, а со неа и добрите намери на медицинарите од првата борбена линија.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ