Светот требаше да ја послуша СЗО, САД отворија истрага против Кина

Светот требаше да ја послуша СЗО, која предупреди за новиот коронавирус уште кон крајот на јануари, но немаше мандад да ги принуди земјите да ги спроведуваат нејзините препораки.

Ова е пораката од генералниот директор Тедрос Адханом, кој рече дека светот требаше внимателно да ја слуша СЗО, бидејќи светската криза почна на 30 јануари, кога надвор од Кина беа заразени 82 лица, а немаше починати. Тој истакна дека е загрижен за растечкиот тренд на смртни случаи во дел од азиските и источно – европските земји.

  • СЗО и понатаму е загрижена за растечкиот тренд во Африка, Источна Европа, Латинска Америка и некои азински земји. Како и во другите региони, во многу земји во овие региони регистрирани се смртни случаи кои не се пријавуваат поради нискиот капацитете на тестирања, вели генералниот директор Тедрос Адханом.

Претседателот на САД, Доналд Трамп тврди дека Кина можела да го запре новиот коронавирус пред да се прошири во светот и оти американската администрација спроведува „сериозна истрага“ за тоа.

  • Не сме задоволни со Кина. Не сме задоволни со целата таа ситуација, бидејќи веруваме дека можеше да се запре на почетокот. Можеше брзо да се запре и да не се прошири низ целиот свет. И сметаме дека тоа требаше да с е случи. Значи, ќе ве известиме во соодветно време. Но спроведуваме сериозна истрага, рече американскиот претседател Трамп.

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 3.080.101 лица. Од нив починале 212.265, а оздравеле 929.077 луѓе.

– САД се земја со најголем број на потврддени случаи со Ковид-19, но исто така и со најмногу смртни случаи. Регистрирани се повеќе од милион инфицирани, а починале  повеќе од 57.000.

Иранците користеле метанол против коронавирусот. Починале над 700 лица, а повеќе од 5.000 луѓе имале алкохолно труење.

– Во Вухан, што беше епицентар на заразата со новиот коронавирус, втор ден нема регистрирано нови случаи.

На Блаканот Црна Гора трет ден по ред нема регистрирано ниту еден нов случај на зараза со коронавирус, а истовремено бројот на оздравени е значително поголем од бројот на моментно заболените. Досега во земјата има 321 заразен.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ