
Последните хоспитализирани пациенти во Вухан пуштени дома
Во Вухан, градот во кој почна пандемијата со новиот коронавирус, повеќе нема хоспитализирани лица заболени од вирусот откако денеска беа пуштени дома 12 пациенти, соопшти здравствената комисија во покраината Хубеи. Последните пацинети беа од разни региони на провинцијата Хубеи а беа хоспитализирани во болницата во главниот град- Вухан.
„Ова е историски ден“, објавија државните медиуми во Кина.
Во провинцијата Хубеи веќе нема сомнителни случаи во болниците а 1.728 лица кои биле во близок контакт со заразени лица остануваат под медицински надзор.
Според официјалните инфромации на кинеските власти во градот, во текот на епидемијата, починаа 3.869 лица што е речиси 80 отсто од вкушниот број на жртви во Кина.