Нова метода за лекување ковид-19 од Трамп

Според најновите податоци, во светот со Ковид-19 досега се заразени околу 2.750.000 лица. Од нив починати се речиси192.000, а оздравеле повеќе од 755.00 луѓе.

– Американски лекари откриле дека постои уште еден нов симптом кај пациенти со коронавирусот, што се манифестира со промена на бојат на прстите на нозете. Кај заразени со Ковид-19 прстите се црвени, како по изложеност на студ.

Претседателот на САД повторно коментираше за лек проив Ковид-19, но неговите коменатри експертите ги нарекоа неодговорни и опасни.

Поточно, Доналд Трамп сугерираше дека инјектирање средство за дезинфекција како што е изопропил алкохол во телото може да го убие коронавирусот, а исто така предложи и зрачење на телото на пациентот со УВ зраци, нешто што лекарите го оспорија.

Американски научници открија дека вирусот ја губи моќта побрзо кога е изложен на сонце, топлина и влажност, а истражувањето го претставија на прес конференција. Покрај тоа, истата студија откри дека белилото може да го убие вирусот во плунка или респираторна течност во рок од пет минути, а изопропил алкохол, наводно, го сторил истото за пократко време.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во интервју за телевизијата „Фокс њуз“ изјави дека не е исклучено Вашингтон никогаш повеќе да не го обнови финансисрањето на Светска здравствена организација.

САД се најголемиот донатор во СЗО. Минатата година оваа држава во СЗО дала повеќе од 400 милиони долари, што е околу 15 отсто од нејзиниот буџет, кој изнесува околу 4,5 милијарди долари.

Излезот од вонредните мерки поради коронавирусот во Италија ќе биде спроведен во четири фази, при што првата ќе почне в понеделник, 27 април. Се ќе зависи од кривата на зараза, и доколку таа не се зголемува, дел од фабриките ќе можат да продолжат со работа на 27 април. Доколку нема изненадувања, градежништвото, текстилната и модната индустрија ќе почнат да функционираат на 4 мај.

Хотелите во Романија ќе бидат повторно отворени од 15 мај кога истекува рокот на вонредната состојба. За рестораните се уште не е донесена одлука. Бројот на заразени надмина 10.000, а смртните случаи се 552.

Во период кога заштитните маски стануваат задолжителни во најголем број на европски држави, Светската трговска организација јавува дека 80 земји го забранија или ограничија извозот на заштитни маски, средства, ракавици и друга опрема, со цел да се намали недостигот за време на епидемијата ка коронавирусот.

Според организацијата, иако ограничувањето на извозот е разбирливо, сепак тоа е закана за земјите кои зависат од увозот, односно кај може да се појави недостиг од неопходните медицински производи.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ