Австралија лобира за меѓународна истрага за пандемијата на коронавирусот

Австралискиот премиер Скот Морисон се обидува да обезбеди поддршка за меѓународна истрага за пандемијата на новиот коронавирус. Toj денеска телефонски разговарал со претседателите на САД и Франција, Доналд Трамп и Емануел Макрон, и со германската канцеларка Ангела Меркел, соопштија од неговиот кабинет.

Иницијативата на Австралија за независна истрага за потеклото на новиот коронавирус и причините за неговото ширење и за одговорот на Светската здравствена организација (СЗО) по појавувањето на вирусот, предизвика остри критики од официјален Пекинг.

Кина на 31 декември првпат пријави во СЗО за вирусот, а организацијата прогласи глобална вонредна состојба на 30 јануари. Според критичарите, и двата пати било реагирано со задоцнување и тоа помогнало за ширење на коронавирусот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ