Трамп и објави војна на имиграцијата, Италија ќе го олабаува карантинскиот обрач – СЗО предупредува дека е рано

Со образложување дека ќе ги заштити работните места на амриканците, претседателот Доналд Трамп најави дека „привремено ќе ја запре миграцијата“. Во време на економската криза предизвикина од короновирусот. Тој не прецизираше како ќе се спроведе оваа мерка или колку ќе трае. Неговата намера ја соопшти на Твитер

„Во светлината на нападите на невидливиот непријател и соочен со потребата да ги заштитиме работните места на нашите американски граѓани, јас ќе потпишам претседателска уредба за стопирање на имиграцијата во САД “, напиша Трамп на Твитер.

Засега е нејасно кои програми би биле погодени со наредбата и дали Трамп ќе биде во можност да ја спроведе. Во полза на намерите на Трамп одат статисиките дека на границата со Мекиско при илегален влез се проиведени 16 мигранти позитивни на вирусот, велат неговите поддржувачи додека , додеак, пак, критичарите ја обвинија неговата администрација дека го користи коронавирусот за да ѝ стави крај на имиграцијата. Ограничувањата што беа воведени во изминатите недели ја парализираа американската економија, при што повеќе од 20 милиони луѓе останале без работа. Во Америка поделноста околу пандемијата е толку голема што илајдници луѓе во дваесетина градови излегоа на протест против владините рестриктивни мерки. Исус е мојата вакцина“, „Дајте ми слобода или дајте ми КОВИД-19“, „Дајте ми слобода или дајте ми смрт“, се дел од слоганите што беа истакнати на протестите. Преку атлантикот од Европа доаѓаат, пак, поинакви сигнали особено по најавите во Италија дека 4 мај е планираниот датум кога полека ќе се креваат „карантинските порти“. Наредната недела, ќе биде готов деталниот план како земјата која во Европа која нанижа најголема смртност од опасниот вирус ќе ги олабавува ограничувањата за движење, најави на фејсбук премиерот на 3-та најголема економија во еврозоната, Џузепе Конти. Откако во  Германија, пак, се отворија продавници во кои не се продава храна и условите за работа се променија во поикраините порасна бројот на заболени од вирусот. Во време кога голем број земји почнаа да ги олеснуваат ограничувањата наметнати поради пандемијата, стигна второ предупредување од Светската здравствена организација, пренесе Ројтерс. Од СЗО и денеска предупредуваат дека сите мерки за ублажување на карантинот воведен заради заштита од коронавирусот треба да се преземат постепено, бидејќи ако ограничувањата се укинат пребрзо, повторно ќе има зголемување на бројот на заразените, се наведува во ставот здравствената органзиација.

 

Павле Беловски

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ