Шпанија на 27-ми Април ќе го укине карантинот за децата, најлошата фаза од пандемијата е завршена

Шпанските дечиња од 14-ти март беа принудени да седат во своите домови, заради острите мерки за карантин за спречување на ширењето на пандемијата Ковид – 19.

Премиерот Педро Санчез најави дека на 27-ми април овие строги правила ќе бидат ублажени со цел дечињата конечно да можат да уживаат во малку свеж воздух. Шпанија, каде има речиси 200 000 случаи од избувнувањето на пандемијата а починаа повеќе од 20 000 луѓе денеска го пријави најнискиот смртоносен биланс во последните 30 дена – 410 лица.

Санчез ги уверува своите граѓани дека државата ја надминала најбруталната  фаза од пандемијата.

  • Затоа, од 27-ми април, владата на Шпанија ќе преземе мерки за олеснување на притвореноста, ако можам така да кажам, на нашите најмалечки за да можат да излезат и како последица, да уживаат во овие подобрувања кои ги гледаме преку бројките во еволуцијата на пандемијата.

Како илустрација за подобрувањето на ситуацијата, шпанските власти денеска најавија дека ќе затворат една голема импровизирана болница отворена во текот на најлошата фаза од епидемијата од армијата во Мадрид. Здравствените работници го прославија овој чин со аплауз и танцување пред да ги исклучат светлата во павиљонот 7.

Други земји како Данска започнаа да ги отвораат своите училиша за децата под 11 години, додека Норвешка тоа ќе го направи во Понеделник. Германија дел од своите училишта ќе ги отвори од 4-ти Мај. Сепак, ниту една од овие држави не беше ниту одблиску толку тешко зафатена со коронавирусот како Шпанија.

Најмногу заразени речиси 740 илјади луѓе и повеќе од 39 илјади починати има во Соединетите американски држави, но претседателот Трамп помалку и автосугестивно ги убедува своите сограѓани дека веќе ја поминале најтешката фаза.

Во повеќе држави неговите најжестоки следбеници излегоа и на улиците, протестирајќи и барајќи рестартирање на економијата, игнорирајќи ги при тоа препораките за социјално дистанцирање.

  • Продолжуваме да гледаме позитивни знаци дека вирусот го помина својот врв. Ова беше ужасно во целиот свет. 184 земји во светот, веројатно и повеќе, ова е од пред една недела. Др. Биркс ќе ги претстави некои од овие трендови набргу, но ова се многу позитивни трендови за победа, ние ќе победиме и ќе ја завршиме оваа работа.

Протести против карантинот нема само во САД. Повеќе стотици лица излегоа на улиците на најголемите бразилски градови денеска со барање за завршување на рестрикциите, кои ги критикува и претседателот на држава, десничарот кој го заслужи епитетот бразилски Трамп, Жаир Болсонаро.

Болсонаро претходно го опиша коронавирусот како мал грип а неодамна го отпушти и министерот за здравство во својот кабиент, по неговите постојани апели до граѓаните да останат во домовите и да практикуваат социјално дистанцирање.

  • Ние сме во многу тешка ситуација. Луѓето не го гледаат ли тоа? Ме напаѓаат мене, ме навредуваат, ме нарекуваат …со погрдни имиња и ме обвинуваат за геноцид. Не ли разбираат дека тоа што ќе убие повеќе луѓе се последиците од невработеноста.

Во Бразил досега има најмногу случаи ковид 19 , 37 000 а повеќе од 2000 починати.

 

Никола Илиевски

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ