Велигден во карантин – останаа празни и црквите низ Балканот

Овие татко и ќерка се меѓу ретките луѓе во Софија кои вчера отидоа во црква за Велигден. Бугарската црква не одлучи да ги затвори храмовите и покрај тоа што здравствените власти велеа верниците да останат дома за празникот.

Сепак во дворот на црквата Александар Невски во Софија  , луѓе со свеќи во рацете и маски стоеа на растојание.  За нив е чудно оваа црква да ја гледааат празна, но велат дека такви се правилата и дека ова е за доброто на сите.

Овој Велигден е исклучок од традиционалниот начин на кој го славиме празникот, но тоа се чини нормално, со оглед на пандемијата која се шири низ светот. Овде мерките се полиберални од соседните земји или од други места во светот.

Јас мислам дека не, Велигден е особено свет празник. Не мислам дека верниците треба да се плашат од вирусот за време на светата причест и да држат дистанца, но такви се правилата.

Карантинот ги испразни и црквите во Грција. Свештениците држеа велигденски служби без верници.  Но, затоа на полноќ во Солун илјадници луѓе со своите семејства од Солун излегоа на своите балкони да го дочекаат христовото воскресение Ова е прва година од Еруслаим да не пристигне Светиот оган. Но и прв пат за овој празник  над небото над Акропол го осветли огномет.

Во најголемата руската црква, „Христос Спасител“  традиционално на главната велигденска богослужбаслужба присуствуваат на главната велигденска богослужба на катедралата, заедно со илјадници граѓани.

Но, поради ограничувањата на јавните собири во Русија , вчера имаше само свештени лица. Тие држеа литургија почитувајќи ги препораките за социјално дистанцирање, па молитвите ги кажуваа на два метри растојание. Патријархот Кирил вчера се обратни да руските верници и киажа дека никој не посакувал оваа страшна болест да се појави.

Невообичаено е да се види празна катедрала, ноќта пред Велигден, но знаеме зошто ова се случи. Не е заради лошата воља на луѓето и не бидејќи луѓето ја загубиле верата, како што се случува на некои места. Ова се случи бидејќи лоша болест ги допре нашите луѓе, вели поглаварот на руската православна црква, патријархот Кирил. 

Само неколку свештени лица присуствуваа и на одбележувањето на велигден во црквата на светиот гроб во Еруласим, Претходните години, голем број верници учествуваа во прославите, додека оние кои не успевале да влезат во црквата, се собирале на тесните улички во стариот град во Ерусалим.

 

Теодора Цветковска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ