По шест недели дома, децата во Шпанија ќе излезат „на свеж воздух“

Шпанскиот премиер Педро Санчез се согласи да ги олабави мерките на 27 април за децата, за како што рече да излезат „на свеж воздух“. Апелот беше од градоначалничката на Барселона, Ада Колоу, која и самата има мали деца.

Децата во Шпанија се дома од 14 март, и тие се под строгите мерки за да се спречи ширењето на корона вирусот во земјата, која досега во оваа држава зеде 20.000 жртви, и има над 200.000 заразени.

Но, Санчез изјави дека сепак ќе  му предложи на Парламентот да одобри трето 15-дневно продолжување на рестриктивните мерки со цел запирање на ширењето на пандемијата на новиот коронавирус.

Според предлогот, рестриктивните мерки треба да бидат во сила до 9 мај.

Шпанија започна да ги олеснува ограничувањата што ги воведе на 14 март со активирање на некои економски сектори, вклучително и производството.

Сепак, мнозинството граѓани се уште се наоѓаат во своите домови, а можат да излезат надвор само за итна потреба – до продавница или аптека и лекар.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ