
„Новичок“ ќе биде анализиран од Организацијата за забрана на хемиско оружје
Денеска во Лондон ќе дојдат стручни лица од Организацијата за забрана на хемиско оружје за да ја анализираат супстанцата со која во Салсбури беше отруен поранешниот двоен агент, русинот Сергеј Скрипал.
Според британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон резултатите од тестот би требало да бидат познати за најмалку две недели.
Џонсон, исто така, вети „силен правен арсенал“ против корупцијата и „перењето пари“ поради тој случај, кој предизвика криза меѓу Лондон и Москва. Шефот на британската дипломатија рече дека Русија натрупала залихи од смртоносниот нервен агенс „Новичок“ што бил користен за труење на поранешниот двоен руски агент во Британија, и дека Русите истражуваат како тоа оружје може да се употреби за убиства.