Ханс Клуге: Темните облаци од пандемијата со корона вирусот се уште се надвиснати над европскиот регион

Темните облаци од пандемијата со корона вирусот се уште се надвиснати над европскиот регион. Со овие зборови регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге ја опиша ситуацијата со корона вирусот, по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека привремено ќе го запре финансирањето на СЗО.

Соединетите држави се најголем донор во Светската здравствена организација со учество измеѓу 400 и 500 милиони долари годишно.

Сега кога тие пари нема да се слеваат во буџетот на организацијата, СЗО ја разгледува финансиската ситуација.

Ја разгледуваме финансиската ситуација. Веќе пристигнуваат некои заложби. Но сега сме среде криза. Се фокусираме да спасиме животи.

Среде лошата финансиска ситуација во СЗО додека се справува со пандемијата од корона вирусот, Клуге рече дека стигнува поддршка од европските земји, но и од луѓето од цела Европа и светот за мисијата на Светската здравствена организација.

Некои земји како Франција, Германија, Италија, Шпенија и Шевајцарија  пријавија оптимистички знаци за намалување на бројот на заразени и починати последниве денови, но има и земји каде заразата се шири. Во оваа група се Велика Британија, Турција, Украина, Русија.

Бројките во регионот и понатаму растат. Последните 10 дена, бројот на случаи во Европа речиси се удвои и се приближи до милион. Ова значи дека околу 50% од светскиот товар од Ковид 19, е во овој регион. За жал, повеќе од 84.000 луѓе во Европа ги загубија животите поради вирусот.

Соединетите држави се на врвот на листата според бројот на заразени во светот. Повеќе од 644 илјади луѓе. Веднаш по нив, по бројот на заразени се Шпанија, Италија, Франција и Германија. Најмногу починати има во Италија, повеќе од 21-на илјада луѓе, а најмалку во Германија, приближно четири илјади.

Во светот, од корона се заразени над два милона, а починаа повеќе од 136 илјади луѓе.

Марија Дивитарова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ