НАТО се подготвува за долгорочни последици од пандемијата со Ковид-19

Долгорочни последици од здравствената криза со пандемијата на Ковид-19 биле разгледувани на вечерашниот вонреден состанок на министрите за одбрана на НАТО, на кој било јасно нагласено дека Алијансата и земјите-членки мора се подготват за тоа. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по видео-конференцијата на која учествуваа и Високиот претставник на ЕУ, како и Финска и Шведска, рече дека геополитичкиот ефект од епидемијата може да биде значаен.

„Некои може да се обидат да го искористат економскиот пад како можност да инвестираат во нашите клучни индустрии и инфраструктури, што може да влијае врз нашата долгорочна безбедност и можноста да се справуваме со следните кризи кога ќе се случат”, изјави Столтенберг.

Поради тоа, вели Столтенберг, земјите-членки и партнерите треба да ја зајакнат отпорноста на свооите општетсва, да имаат подобар одговор на идни пандемии и да ги заштитат клучните индустрии.

Министрите за одбрана на НАТО на состанокот разговарале и за справување со дезинформациите и оти одговорот на нив треба да биде силен.

На состанокот биле договорени и идните чекори за одговор на Алијансата на пандемијата со Ковид-19,

„Да продолжиме да се поддржуваме меѓусебно и нашите партнери бидејќи Ковид-19 претставува непредвидлив предизвик за нашите земји. Тоа има длабоко влијание на нашите луѓе и економии и наметнува историски шокови на меѓународниот систем, што може да има долгорочни последици”, изјави Столтенберг.

За тоа како Алијансата досега одговарала на пандемијата, Столтенберг рече дека се реализирани повеќе од 100 мисии за транспорт на медициснки персонал и материјали, дека е асистирано во поставување на 25 полски болници, додадени се повеќе од 25.000 болнички кревети, а повеќе од 4.000 воен медицински пероснал е распореден како поддршка на цивилните напори за справување со пандемијата.

На состанокот било констатирано и дека безбедносните предизвици не исчезнале поради Ковид-19, туку спротивно на тоа, потенцијалните противници ќе се обидат да ја искористат ситуацијата за себе. Поради тоа, информираше Столтенберг, основната мисија на НАТО останува иста – обезбедување на мир и стабилност, за што Алијансата, како што рече, ги презема сите мерки за заштита на своите вооржените сили и оперативна подготвеност.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ