
Голема победа на Путин – уште шест години во Кремљ
Со големо мнозинство гласови добиени на вчерашните избори, актуелниот претседател на Руската Федерација Владимир Путин доби нов шестгодишен мандат. Путин освои 76,67 отсто од гласовите и им се заблагодари на граѓаните за поддршката што му ја дадоа
„Ова го гледам како резултат на се она за што се трудевме да направиме изминативе години под овие тешки околности. Ова е оценката на резултатите од нашата работа. Второ е верувањето што можеме да направиме заедно и трето е надежта, надежта дека ова за што зборувавме ќе биде направено“, изјави Путин по победата.
Путин оствари голема победа на изборите во време кога односите на Русија со Западот се на најдобро ниво. Со новиот мандат рускиот претседател ќе управува со државата речиси четврт век, а новиот шест годишен мандат ќе заврши во 2024 година кога ќе има 71 година.
„Благодарен сум за довербата и убедувањето дека ние, мојот поширок тим и јас, ќе работиме напорно, но со подобри резултати од досега. Ги имаме сите можности за да постигнеме вистински големи резултати“, порача рускиот претседател.
Ниту еден од останатите седум кандидати не претставуваше закана за него.
Павел Грудинин, кандидат на Комунистичката партија, со освоени 11,82 отсто гласови, е на второ место зад Путин а лидерот на Либерално демократската партија Владимир Жириновски е трет со 5,68 отсто освоени гласови, според 99,8 отсто преброени ливчиња.
Игор Трајков