
Трамп прогласи аполутна моќ во САД за олеснување на мерките против Ковид-19
Светот се приближува до бројката од два милиони заразени од Ковид-19, од кои повеќе од една четвртина се во САД, а уште околу 500.000 во само четири европски држави, Шпанија, Италија, Франција и Германија.
Во Америка каде досега починаа повеќе од 23.000 лица и каде здравствениот систем во некои сојузни држави е пред колапс, претседател Доналд Трамп изјави дека има апсолутна моќ во носењето одлуки за олеснување или повлекување на рестриктивните мерки. Тој денеска одговори и на критиките на гувернерите на неколку сојузни држави на ваквиот негов став.
„Кога некој е претседател на САД власта е апсолутна и тоа е начинот на кој треба да биде. Таа е апсолутна и гувернерите тоа го знаат. Има неколку демократски гувернери, но тие ќе се согласат на тоа. Овластувањето на претседателот на САД за справување со темата за која зборуваме е апсолутна“, изјави Трамп.
Додека во САД Трамп се препукува со медиумите, здравствените авторитети и гувернерите за тоа чие мислење и одлука за мерките е порелевантно, во Европа некои земји веќе донесоа одлука или размилсуваат за релаксирање на мерките за заштита од Ковид-19. Меѓу ниев е Словенија која од денеска почнува постепено да ги укинува ограничувањата. Меѓу нив е забраната за специјалистички и амбулантски прегледи, а повотно ќе почнат со работа и неколку фабрики. Таму денеска се регистрирани само осум нови случаи на коронавирус.
За разлика од Словенија, Франција пак ги продолжи ограничувањата до 11 мај. На Французите ова синоќа им го соопшти претседателот, Емануел Макрон, во телевизиско обраќање до нацијата.
„Стартувајќи на 11 мај ние прогресивно ќе ги отвориме црквите, основните и средните училишта. Тоа е приоритет за мене“, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.
Сепак Макрон нагласи дека рестораните, кафетериите, кината и концертните сали ќе останата затворени и оти масовни собирања во Франција ќе бидат забранети до средината на јули.
Во моментов во Франција има повеќе од 136.000 заболени и речиси 15.000 починати од Ковид-19.
Во пресрет на прославата на Велигден Грција ја разгледува можноста за забрана за движење на возила в сабота и в недела, а забранета е и посета на домови на роднини и пријатели за Велигден. Грчката православна црква веќе објави дека за Велигден црквите ќе останат затворени за верниците и дека мисите нема да се пренесуваат на разглас. Во Грција досега од коронавирусот починаа 99 лица.
Од Кина, каде започна пандемијата на коронавирусит во светот денеска стигна вест дека е одобрена почетна фаза на тестирање на луѓе на две експериментални вакцини против вирусот.
Тамара Грнчароска