Израелскиот премиер најави 36-часовен полициски ча

Израелскиот премиерот Бенјамин Нетанјаху доцна синоќа најави 36-часовен полициски час, со цел да ги спречи Израелците да одат на шопинг и на свечени вечери во текот на последните два дена од празникот Пасха. За време на полицискиот час од денеска во 17 часот до 5 часот во четврток, „задолжително е да се остане во рамките на своите градови и заедници“, им рече тој на граѓаните во телевизиско обраќање.

Нетанјаху ги повика Израелците да продолжат сериозно да ги сфаќаат забраните на Министерството за здравство, кои имаат за цел да го запрат ширењето на коронавирусот.

Во Израел досега се заразени 11.586, а починале 116 луѓе.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ