
Над 2.000 починати од Ковид 19 за еден ден во САД
САД станаа првата земја во светот со рекордни повеќе од 2.000 починати од корона вирусот во еден ден. Бројките кои ги јавува Универзитетот Џонс Хопкинс се дека за 24 часа починале 2.108 луѓе, а повеќе од полововина милион се инфицирани. Америка наскоро може да ја надмине и Италија како земја со најмногу починати од корона вирусот во светот. Но, здравствените експерти од Белата Куќа велат дека болеста низ земјата полека стивнува.
Доктор Дебора Брикс вели дека има добри знаци дека заразата се стабилизира, но предупредува „Колку и да се охрабрувачки податоците, се уште не сме го достигнале пикот на болеста“.
Њујорк е најпогодената сојузна држава. Снимки од дрон покажуваат работници како закопуваат дрвени сандаци со лица починати од коронавирус во масовна гробница во Њујорк, јави денеска Би-би-си.
Островот Харт е местото на снимките. Се гледаат работници во заштитни одела како редат дрвени ковчези во длабоки канали. Ковчезите се на починати луѓе без роднини, или од семејства кои не се јавиле, или пак од семејства кои неможат да платат погреб за нивните блиски.
Властите во Њујорк овој остров веќе 150 години го користат како место за закопување на мртви чии роднини не се јавиле, или пак од семејства кои неможат да платат погреб за нивните блиски.
Во нормална ситуација, таму се закопуваат околу 25 лица неделно, но работата со закопувањата сега се зголемила од еден до пет денови во неделата – се закопуваат 24 мртви дневно, дознава Би-би-си.
Сојузната држава Њујорк во моментов има најмногу случаи на коронавирус од која била друга светска држава. Моментално, во Њујорк има над 172 илјади случаи на заразеност и речиси 7.850 починати.