САД надмина 500.000 заразени

Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина половина милион, иако постојат индиции дека тоа што Американците остануваат дома помага во борбата против инфекцијата. Како што пренесуваат странските агенции, бројот на потврдени случаи на Ковид-19 во САД се зголемува секојдневно за 30.000 до 35.000 откако тестирањето стана подостапно. Во текот на вчерашниот ден бројот на починати надмина 18.600. Експертите за заразни болести предупредуваат дека е прерано да се ублажат мерките воведени за спречување на коронавирусот. Економските експерти, пак, прогнозираат дека во април во САД без работа ќе останат повеќе од 20 милиони луѓе.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ