
Со полноќна игра на светлата Вухан повторно отворен по 76-дневна блокада
Главниот град на кинеската провинција Хубеи, Вухан каде за првпат се појави новиот коронавирус, од денеска повторно е отворен по 76-дневна блокада. Градот со над 11 милиони жители, кој беше најтешко погоден од коронавирусот во Кина, го прослави своето повторно отворање со полноќна игра на светлата.
Властите ги отворија патишта што излегуваат од градот и им дозволија на луѓето да го напуштат градот со автомобил.
Но училишта и градинките низ целата провинција ќе продолжат со одложување на почетокот на полугодието.
Во изминатот деноноќие Русија со рекорден број заразени. Бројот на заразени со новиот коронавирус во Русија се зголеми за 1.175 , односно вкупно 8.672.
Велика Британија не е близу до укинување на забраните, наметнати за спречување на ширењето на коронавирусот, бидејќи се очекува врвот на епидемијата да биде за две недели, изјави градоначалникот на Лондон, Садик Кан.
Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во САД надмина 12.000, додека 400.000 се заразени.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД можеби се близу до врвот на пандемијата на новиот коронавирус. Трамп повтори дека сака американската економија што поскоро да се отвори кон остатокот од светот. Тој силни критики упати и до СЗО, која спорен него направила многу погрешни работи
СЗО прима огромни количини на пари од САД. Ние плаќаме најголем дел од нивните пари. И тие ме критикуваа и не се согласуваат со мојата забрана за патување, тогаш кога го воведовме тоа. И не беа во право. Направија грешни за многу работи, рече Доналд Трамп, американски претседател.
Италијанските власти соопштија дека блокадата, воведена заради запирање на ширењето на новиот коронавирус ќе биде укината во две фази. Првиот чекор кон укинување на блокадата во Италија по Велигден ќе биде постепеното започнување со производствени активности, а вториот, што се очекува да се случи на 4 мај, се однесува на измените во мерките за ограничување на движењето на жителите на таа земја.
Вирусот Ковид-19 однесе повеќе од 17.000 животи во Италија, една од најтешко погодените земји.