
Вакцина против Туберкулоза стара 100 години нова алатка против Ковид-19
4000 здрави лекари во Австралија примија вакцина против туберкулоза како дел од истражувањето на тамошните водечки научници дали овој лек стар скоро 100 години ќе ги заштити од заразата предизвикина од вирусот Корона. Истражувањата покажале дека ефектите од болеста Ковид-19 се слични со оние на туберкулозата врз белите дробови. Понатаму вакцината која е пронајдена во 1908-та година го зајканува имунолошкиот систем кај луѓето и од други зарази, тврди универзитетскито професор од Австралија Најџел Куртис.
„Многу возбудливо нешто во врска со вакцината за туберкулоза е тоа што, иако има заштитни ефекти против неговата целна болест, туберкулозата, сега разбираме дека има и она што се нарекуваат нетаргетирани ефекти. Тоа значи дека оваа вакцина е во состојба да го зајакне имунолошкиот систем. Таа всушност го тренира делот од имунолошкиот систем кој се нарекува вроден имунолошки систем и тоа е предната линија на одбраната на организмот против различни инфекции и тоа е она за што ја користиме вакцината, за да ја зајакне одбраната против сите различни инфекции, вклучително и вируси “.
Надежтта ја поттикнал заклучокот на институтот за технологија во Њујорк кој ги споредил бројките на заболени и починати од Ковид-19 во различни земји низ светот, во зависност од тоа дали во тие земји населението било третирано со БСЖ вакцина портив туберкулозата. Шпанија, Франција, Италија и САД земјите најпогодени од пандемијата престанале со вакцинација на населението по 60-тите години од минатиот век. Во студијата се потенцира дека многу земји, меѓу кои Кина и Јапонија со БСЖ и натаму ги вакцинираат сите новородени.
„Ако БСЖ може да покаже дека може да ги намали за 25-30 проценти инцидентите на инфекција, може да стане многу важна алатка во првата фаза на какви било епидемии или пандемии со намалување на товарот на инфекција кај општата популација“.
Шпанија, на пример, која ја применувала БСЖ вакцината само од 1965 година до 1981 година сега има висока смртност, а тоа се потврдува и со последниот податок во кој Шпанија денеска ја надмина Италија по бројот на заболени пациенти од боласта Ковид 19. Со безмалку 6 илјади новозаболени Шпанија ја достигна бројката од 117 илјади заразени како втора земеа во светот на „црната листа“. Прашањата на властите се дали Шпанија го минува врвот на заболени , бидејќи изминатото деноноќие бројот на починати е рекордни 932. Црни проекции крои и нивниот сосед Франција со над 5300 починати, земја во која секојдневно се пронаоѓаат починати луѓе во домовите за стари лица. Преку океанот, пак, не стивнува ширењето на епидемијата, а во САД се наоѓа секој 4-ти заболен пациент од Ковид -19 во светот. Проценките на здравствените експерти на Белата куќа е дека дури во САД и да се воведе целосен карантин од Ковид-19 ќе умрат меѓу 100.000 и 240.000 лица. Досега на светско ниво се регистрирани 1 милион и 18 илјади случаи. Околу 25% од овие случаи веќе имаат исход – досега нешто над 53 илјади лица починаа од болеста, додека преку 213 илјади лица целосно заздравиле од Ковид-19.
Павле Беловски