
Две жртви и 39 новозаразени со коронавирусот во Словенија
Две лица поччинаа како последица на Ковид-19 а регистрирани се уште 39 нови случаи на заразени со вирусот со што бројката на зараени се искачи на 1.288 лица, соопштија надлежните во Словенија.
Од нив, само 119 лица се хоспитализирани, а на одделите за интензивна нега се лекуваат 31 пациент.
Бројот на тестирани лица последниве 24 часа е 1.288.
Тоа што ги загрижува сите е порастот на заразени во домовите за стари лица. Државната секретарка во Министерството за труд Матеја Рибич, изјави дека во овие домови заразени се вкупно 137 стари лица и 30 здравствени работници. Досега заразата е потврдена во вкупно осум пензионерски домови.
Портпаролот на владата, Јелко Кацин, објави дека и двајца затвореника од затворот Доб се позитивни на коронавирусот.
„Се додека имаме нови случаи на лица заразени со коронавирусот ќе бидеме неуспешни во справувањето со заразата“, изјави Кацин.