
И лекарите во Шпанија се вклучија во аплаузот на солидарноста за борба против ковид-19
Лекари, медицински сестри, полицајци синоќа се вклучија во моментите на аплауз за да искажат солидарност со оние кои се вклучени во борбата со коронавирусот. Надвор од болниците полицијата и пожарникарите ги поздравуваа здравствените работници во ритуал кој се повторува секој ден, откако министерот за здравство на Шпанија потврди дека 832 лица починале од ковид-19 во последните 24 часа, а вкупната бројка на смртни случаи во Шпанија се искачи за 5.690.
Шпанија заедно со Италија имаат највисока смртност од коронавирусот во светот со вкупно повеќе од 15.000 смрти случаи.
Кај повеќето од случаите вирусот предизвикува слаби или умерени симптоми, како треска, кашлица која исчезнува за две до три недели. Но кај некои тој предизвикува силни последици, вклучително и пневмонија што неретко завршува и со смрт.