Британскиот премиер Борис Џонсон позитивен на коронавирус

Британскиот премиер Борис Џонсон од утрово е во самоизолација во неговиот кабинет на Даунинг 10 откако тестот на присуство на коронавирус бил позитивен.
Тој имал благи симпотми поради што неговиот личен доктор одлучил да го тестира вчера вечер.

„ Имам благи симптоми на коронавирусот. Имав температура и константна кашлица,  поради тоа се тестирав а тестот беше позитивен. Јас работам од дома, се самоизолирав и тоа е вистинскиот потег  што можам да го направам. Но, не се сомневам дека можам да продолжам , комуницирам со целиот мој врвен тим и да ја водам националната пресметка против коронавирусот“, рече Џонсон во неговата порака преку социјалната мрежа „Твитер“

Тој упати апел до жителите во Велика британија да се самоизолираат.

„Мора да ги применувате мерките за заштита, тоа е еднствениот начин да се спречи ширењето на вирусот. Седете дома, заштитете го здравствениот систем и спасете животи“, порача британскиот премиер.

Според последните официјални информации во Британија има речиси 12 илјади заразени а 578 лица починале од вирусот

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ