Мигрантите го празнат импровизираниот камп на грчко–турската граница

Грчките власти, доцна синоќа забележаа чекори за празнење на импровизираниот камп кај Кастањес, објави утрово грчкиот весник „Катимерини“, додавајќи дека мигрантите насобрани на турска страна на границата со Грција, полека си заминуваат и масовно со автобуси се враќаат кон Истанбул. Според весникот, целата тоа било организиро од турските власти. Кусо по полноќ, мигрантите започнале да ги пренесуваат шаторите и останатите предмети кон шумата, а подоцна и ги запалиле.

Весникот повикувајќи се на извори од Генералштабот на армијата наведува дека се задржува највисокото ниво на подготвеност на армијата, бидејќи шумата во Кастањес е доста густа и движењето, би можело да се искористи и за да го одвлече вниманието на властите, но и нивната подготвеност.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ