Во Словенија – 528 заразени лица, во Албанија 146 случаи

Педесет нови случаи на заразени со коронавирус се регистрирани во последните 24 часа во Словенија со што вкпната брајка сега е 528 лица. Загрижувачки е што меѓу заразените се 73 здравствени работници. Во изминатото деноноќие е регистрирана една жртва во дом за стари лица. Досега како последица на коронавирусот починаа пет лица.

„Домовите за стари лица се критични точки, пред се поради структурата на луѓето таму, па затоа треба внимателно да се следи ситуацијата на тие места“, изјави словенечкиот министер за здравство, Томаж Гантер.

Во изминатите 24 часа,во Албанија, дијагностицирани се 23 нови случаи со „Ковид-19“, со што вкупната бројка на заразени се зголеми на 146 лица.

„Во последните 24 часа, од вкупно тестираните 111 лица, потврдени се 23 нови случаи на „Ковид19“. Досега тестирани се 1.041 сомнителни случаи при што потврдени позитивнини се 146 лица. Со новите потврдени случаи се проширува мапата на погоди градови,со градот Круја. Во Инфективната клиника во Тирана хоспитализирани се 72 пациента. Од нив четворица се на интензивна терапија,додека тројца од нив се интубирани во тешка сосотојба“, изјави заменик министерката за здравство Мира Ракацоли.

Најголем број од заболените се од Тирана или 83 лица, потоа од Фиер 14, Корча 11, Драч 9, Валона 5, Каваја, Лушња и Лежа по четири,Елбасан и Скадар по три,Рогожина и Хас по два, Берат и Круја по едно лице.

Во Албанија до сега од коронавирус починаа пет лица, во Србија четири лица меѓу кои и лекарка од Ниш и три лица во Босна и Херцеговина

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ