САД определи помош за справување со коронавирусот, најголема во нејзината историја

Претставниците на Белата куќа и Сенатот постигнаа договор за  помош на деловните субјекти, работниците и системот на здравствена заштита, најмногу погодени од пандемијата на коронавирусот. Законодавците разговараа за пакет за спасување на економијата од 2 трилиони американски долари. Одлуката воедно најголемата мерка за спасување на економијата во американската историја и е наменета како повеќенеделна или повеќемесечна „помош за економијата“ што се движи кон рецесија, пренесуваат американски медиуми.
Пакетот економски мерки предвидува директни исплати на повеќето Американци, продолжување на бенефициите за невработени и програма за помош од 367 милијарди американски долари за мали бизниси да се задржи профитот додека работниците се дома.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ