Во Србија четврти, во БиХ трет смртен случај од ковид-19

Во Србија е регистрирана четвртата жртва како последица од коронавирусот. Станува збор за жена од Ниш која била дијабетичар. Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во Босна и Херцеговина се зголеми на три. Директорката на Клиничкиот центар во Сараево соопшти дека во Сараево се потврдени уште два случаи на заболени и еден смртен случај. Станува збор за возрасна жена која не пријавила дека била во контакт со ќерката која била во Италија. Коронавирусот кај неа бил потврден по смртта. Во Босна и Херцеговина досега 166 лица заразени со ковид-19.

Во Црна Гора денеска се потврдени уште пет заболени лица. Досега има 52 лица инфицирани со тој вирус, а под надзор се 5.972 лица.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ