Од денеска на Италијанците ќе им помагаат кинески, руски и кубански доктори

Корона вирусот продолжува да се шири во Европа со несмален интензитет. Рекордот се уште е Италија, каде бројката достигна речиси 60.000 и 5.476 починати. Властите тука одамна бараат помош, а со заразени над три илјади доктори, здравствениот систем кој е најдобар на стариот континент, веќе е во колапс. Од денеска, заедно со нив ќе се борат кинеските, руските и кубанските виролози и инфектолози.

Овие доктори се бореа со еболата во Западна Африка, а некои од нив беа дел од други природни катастрофи, како земјотреси, поплави и ние доаѓаме да ја донесеме нашата солидарност за човековата заложба што ја имаме со нашата професија и со нашата земја и светот, изјави директорот на Инфективната болница во Хавана Карлос Перез Диаз.

Следува Шпанија, каде бројаката на заболени утрово достигна речиси 30 илјади. Но, пикот на болеста се очекува неделава, а потоа бројот на инфицирани би требало да опаѓа. Таму хотелите се празнат и според одлуката на шпанската влада тие до утре мора да бидат затворени.

За оние клиенти кои живеат во хотелите или престојувале таму повеќе од шест месеци или повеќе или работеле таму… За среќа, овие луѓе може да останат во собите, дури и во туристистичките апартмани каде има кунни и ќе можат таму да живеат, изјави Луис Калехон, претседател на Федерацијата на хотели и туристички сместување на Андалузија.

Шпанците веќе ги зголемија и правилата за тестирање. На луѓето брис им се зема додека се во автомобилите.

Германија јави дека мерките кои ги спроведува даваат резулати, и денеска кај нив бројот на заболени се намалува. Во карантин е и канцеларката Ангела Меркел, бидејќи докторот кој и ја ставил вакцината против грип бил позитивен на корона вирусот.

Во Соединетите држави се засилуваат мерките. Строго е ограничено движењето за околу сто милиони Американци. Канада, каде се зголемува нагло бројот на инфицирани,  бара за една година и да се одложат олимписките игри кои треба да се одржат годинава во Токио. Но, од Олимпискиот комитет соопштија дека дефинитивната одлука ке ја соопштат за 4 недели.

На балканот, Албанија утрово ја забележа четвртара жртва, додека Словенија третиот смртен случај од коронавирус. Хрватска потврди 52 нови случаи со коронавирис со што вкупниот број се искачи на 306 лица. Од денеска неколку градови се ставени во карантин. Србија има вкупно 222-ца болни. На помош тука се и кинеските експерти.

Во Кина каде започна ширењето на вирусот веќе петти дена по ред нема регистрирано нов случај на заболен од коронавирус во Вухан. Таму во последнотот деноноќие се регистрирани 39 нови случаи, но сите се „увезени“ и поради тоа и Кина, како и Јужна Кореа ќе ги тестира сите европејци кои ќе пристигнат на нивна територија.

Експертите остануваат на ставот – за да се спречи ширењето на корона вирусот навиките треба да се променат, да се биде подетален во миењето на рацете, а  хигиената во домашни услови да се подигне на највисоко ниво.

Алиса Шутиноска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ