
342 новозаразени од коронавирус во Белгија
Нови 342 лица аразени со коронавирус се регистрирани во последното деноноќие, соопштија надлеѓните служби во Белгија. Властите нагласуваат дека реалната бројка е сигурно поголема бидејќи се тестираат исклучиво болните лица и уште еднаш порачуваат да се почитуваат стриктно сите мерки на изолација.
Официјално досега се регистрирани 3.742 лица заболени од коронавирус а досега животот го загубија 88 од кои 13 во последните 24 часа. Според надлежните вчера и денес 322 лица се префрлени на интензивна нега.
Сепак властите ја смируваат јавноста, бидејќи е констатирано мало намалување на бројот на регистрирани болни.
„За првпат гледаме развој во позитивна насока, но сѐ уште немаме доволно дистанца за да потврдиме дека оваа тенденција ќе се консолидира. Не смееме да престанеме со напорите затоа што ќе се појави втор бран ако попуштиме, знаеме исто така дека лицата активни во болниците се посебно изложено, така што дел од нив се сега болни, мораме да продолжиме со напорите, и потсетуваме дека сите возрасти се вектор на болеста“, изјави портпаролот на кризниот центар, Емануел Андре.