
Прва жртва од коронавирус во Босна и Херцеговина
Во Босна и Херцеговина денеска беше потврден првиот смртен случај од новиот коронавирус. Станува збор за жена од Бихаќ.
Директорот на кантоналната болница „Д-р Ирфан Љубијанкиќ“ Хајрудин Хавиќ потврди за порталот „Кликс“ дека станува збор за повозрасна жена. Таа била донесена во болница пред два дена.
Заклучно со денеска на пладне, во Босна и Херцеговина се регистрирани 93 лица заболени од коронавирус а две се во критична состојба