Бројот на заболени со коронавирус во светот се искачи на повеќе од 284.000

Вкупната бројка на заболени од коронавирусот во светот утрово се искачи на повеќе од 284.000. Голем скок во новопријавени случаи вчера имаше во Германија каде вкупната бројка скокна за неколку илјади и таму сега 20.581 лице се регистритрирани како позитивни на Ковид -19. Вкупниот број на смртни случаи во Германија е 72. Покраината Северна Рајна Вестфалија и натаму е главното жариште во земјата со 6.257 заразени, а веднаш зад неа следат покраините Баден – Винтенберг со 3.665 и Баварија со 3.107 заразени. Позитивно за Германија е што споредено со бројот на заболени низок е процентот на смртност, поточно досега таму починале 57 лица, додека излекувани се двојно повеќе – 113.

Најцрниот биланс на смртни случаи вчера го имаше Италија каде починаа 624 лица со што бројот на смртни случаи таму надмина 4.000. Бројот на заболени во Италија се искачина на повеќе од 47.000. Втора по неа е Шпанија со над 24.926 позитивни на коронавирусот и 1.323 смртни случаи.

Расте бројот на заболени и во Швајцарија. Таму денеска се регистрирани 571 нов случај, а вкупната бројка е 6.186.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ