
Кралицата Елизабета и сопругот Филип се повлекуваат во замокот Виндзор во самоизолација
Таа ѝ се обрати на нацијата од својата резиденција во Виндзор.
„Филип и јас пристигнавме во Виндзор, знаеме дека претстои тежок период и дека целата земја и остатокот од светот се многу загрижени за здравјето. На сите ни е советувано да го промениме своето вообичаено секојдневие и да се приспособиме на новата ситуација. Ние треба да го заштитиме нашето здравје и да мислиме на другите, целата наша заедница, а особено на најранливите. Многумина од нас ќе треба да најдат нови начини да останат во контакт со најблиските и семејствата и да ги чуваат безбедни од опасност. Убедена сум дека сме подготвени за овој предизвик. Можете да бидете уверени дека моето семејство и јас сме подготвени да ја одиграме нашата улога во целата оваа работа“, се наведува во официјалниот профил на кралското семејство на „Инстаграм“.