САД очекуваат епидемијата да трае 18 месеци

Владата на САД се подготвува за пандемијата од коронавирусот, која би можела да трае до 18 месеци и подолго и да има неколку бранови на разболување, пренесуваат американските медиуми.

„ Болниците во САД веќе известија дека се соочуваат со недостиг на опрема и лекови, а американската Влада неделава објави дека ќе ги помогне болниците кои останале без резерви и ќе одреди уште два медицински објекта за сместување на заболените“, објави телевизијата „Си-Ен-Ен“.

Во последните 24 часа бројот на инфицирани со Ковид-19 порасна за 40 проценти и изнесува 9.000 луѓе, а починаа најмалку 149.

Сојузните влади во САД веќе презедоа мерки за да го спречат ширењето на болеста, како затворање на училишата, а баровите и рестораните се претворени во служби за снабдување со храна. Додека локалната власт на Сан Франциско им препорача на граѓаните ако е неопходно да ги напуштат домовите.

Претседателот Доналд Трамп го испрати американскиот воен болнички брод во Њујорк, кој треба да пристигне за една недела и ќе се користи како болница во градското пристаниште.

Во сила е Закон за прозиводство за зајакнување на националната одбрана од 1950 година, кој во воени услови и овозможува на државата да ги контролира сите производствени процеси

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ