
Малта ќе ги депортира странците кои ќе останат без работа
Малта ќе ги депортира сите странци кои ќе останат без работа, за да ги заштити работните места на своите државјани. Владата во Валета соопшти дека сите странци кои ќе добијат отказ или останат без работа, ќе бидат депопртирани во своите матични земји. Министерот за економија на Малта, Силвио Шембри, изјави дека се разговара со полицијата за реализација на оваа мерка.
„Помошта почнува од дома. Нашата главна цел се малтешките работници. Кога странците ќе ја загубат работата, тие ќе мора да заминат во своите држави“, рече Шембри обраќајќи се во парламентот на Малта.
Малта ја презема мерката, како што рече Шембри, поради фактот што економијата на Малта нема веднаш да заздрав по завршувањето на епидемијата со новиот коронавирус. Опозицискиот пратеник, Бепе Адеми, смета дека странците кои ќе ги загубат своите работни места може да доведе до социјални немири и зголемување на криминалот.