
Меркел: коронавирусот е најголем предизвик за Германија по Втората светска војна
Германската канцеларка Ангела Меркел, во телевизиско обраќање до нацијата изјави дека епидемијата на коронавирусот е досега најголем предизвик за Германците по Втората светска војна и бара досега наголема солидароност од граѓаните.
„Коронавирусот драматично ги менува животите кај нас. Нашите идеи за нормалност, социјален живот, социјална кохабитација – сето ова е ставено на тест како никогаш досега. Јас сум цврсто убедена дека ние ќе го решиме тој проблем ако навистина сите граѓани го прифатат како свој проблем.Поради таа причина, дозволете ми да ви кажам дека ова е сериозно. Сфатете го сериозно. Од повторното обединување на Германија, не, од Втората светска војна не постои таков предизвик кај нас што би барал наша заедничка солидарност “, истакна Меркел.
Таа нагласи дека додека не се најде вакцина треба да се стори само една работа – да се забави ширењето на вирусот за да се добие на време а затоа треба да се ограничи социјалниот живот колку што е можно повеќе.
„Ние мора да избегнеме се што може да ги загрози луѓето, се што може да му наштети на поединецот и на општеството. Многу е важно да се ограничи движењето на луѓето за да се запре ширењето на болеста“, рече Меркел и нагласи дека следните недели ќе бидат уште потешки.