Петта жртва на коронавирусот во Грција

Уште едно лице во Грција почина како последица на Ковид-19, што воедно е и петтата жртва на коронавирусот во оваа држава. Според официјалните информации на надлежните, во изминатите 24 часа регистрирани се 35 нови случаи, со што вкупниот број се искачи на 387.

Претставникот за коронавирусот на Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, на попладневната редовна прес конференција ги соопшти последните податоци: од вкупниот број случаи, повеќето се во Атина, 60 се од неодреден извор, анализирани се 4900 примероци, хоспитализирани се 70 лица, од кои 11 (мажи, на просечна возраст 69 години) се поврзани на апарати во болниците во Атина, Патра и Солун, додека пак 14 се пуштени од болница, информираше дописникот на МИА од Атина.

Во однос на починатите, Циодрас рече дека сите се мажи кои имале здравствени проблеми, а нивната просечна возраст е 68 години.

-За секои пет пациенти кои што се критично болни, хоспитализирани на интензивна нега, зад нив се други 95, кои во 85 отсто од случаите имаат лесен облик на болеста, а 10-15 проценти од случаите среден кон сериозен облик на болеста, објасни епидемиологот.

Паралелно, Циодрас соопшти дека се одложуваат сите редовни операции во приватните болници во Грција

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ