
Топ Тема 13.03.2020
Профитот не е поважен од здравјето, му порача Владата на бизнис секторот. Сепак состојбите се следат и доколку има потреба конкретни мерки ќе се преземат.
Компаниите може да го реорганизираат работното време.
Парламентот засега нема да биде свикан за да се прави ребаланс на буџетот, но доколку се зголеми периодот на затворени училишта и градинки ќе се преземат и други конкретни мерки.
Вечерва во Топ тема со Наташа Стојановска дебатираа Мила Царовска, вицепремиер за економски прашање и универзитетските професори Марјан Петрески и Борче Треновски.