Европа со поригорозни мерки во брорбата против епидемијата

Затворени училишта, откажани спортски и културни настани, карантин и изолација на десетици илјади граѓани е новото европско секојдневие во борбата против ширењето на коронависрусот на континентот. Обајвувајќи ја мерката за затварање на сите училишта, универзитети и градинки, претседателот Емануел Макрон епидемијата ја нарече најголемата здравствена криза во земјата во изминативе 100 години.

Во Франција ги имаме најдобрите виролози, најдобрите епидемиолози, признати специјалисти, лекари исто така и луѓе кои се областа и кои ги слуѓавме од првиот ден. Сите ни рекоа дека и покрај нашите напори да ја забавиме, вирусот продолжува да се шири и забрзува. Знаевме. Од тоа се плашевме, рече Макрон.

Шпанија стави во карантин 4 каталонски градови со популација од околу 70.000 жители откако вчера државата забележа удвојување на бројот на починати, од 49 на 86. Во земјата бројот на заразени според податоците од синоќа изнасува 3.059 лица.

На европски тло Италија останува најпогодената земја. Според последните информации во земајта има речиси 15.000 заразени а бројот на починати надмина 1.000.

Американските сојузни држави започнаа самостојно да воведуваат мерки за ограничување на ширењето на вирусот. Ширум земјата се затвараат спортски сали и стадиони, музејски поставки и театарски претстави и училиштата во зафатените области.

Многу области преземаа чекори и веќе самите се затворија и моите колеги гувернери ширум земјата, од двете страни на линијата наредија затварање на своите училишта во поголем број држави. Ова мислиме дека е неопходен чекор за да ги заштитиме децата, наставниците и нивните семејства, како и целото јавно здравје, порача гувернерката на Мичиген Гречен Витмер.

Бројот на заразени се зголемува и на Балканот а земјите од регионот продолжија со воведување поригорозни мерки за заштита. Иако во земјата се уште нема заразени Косово поради 23 потврдени случаи во Албанија денеска објави дека се затвара границата. Србија и Хрватска имаат по 31 лица со Ковид 19, додека бројот во Словенија вчера се искачи на 96 заразени. Бугарија која има 23 случаи денеска прогласи вонредна состојба додека Грција останува најпогодената земја од регионот со 117 потврдени слуачи.

На глобално ниво досега се регистрирани 135.073 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив, починати се 4.990, а 70.405 се опоравиле.

Игор Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ