Том Хенкс и сопругата Рита Вилсон позитивни на Ковид-19

Оскаровецот Том Хенкс објави дека тој и неговата сопруга Рита Вилсон се заразени од коронавирусот. Во статус на Инстаграм, Хенкс синоќа соопшти дека тој и неговата сопруга, Рита Вилсон, биле инфицирани за време на снимање во Австралија.

Се чуствувавме малку уморни, како да сме настинати и со болки во телото. Да постапиме правилно, како што му е потребно на светот во моментот, се тестиравме за коронавирус и двајцата бевме позитивни, напиша Хенкс на Инстраграм.

Варнер брадерс, студиото кое го снима филмот, соопшти дека презема мерки за да ги заштити здравјето на сите кои работат ан нивните продукции ширум светот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ