
Трамп го смени Тилерсон, Помпео нов државен секретар
Американскиот претседател Доналд Трамп го смени државниот секретар Рекс Тилерсон. На местото на Тилерсон е именуван шефот на ЦИА, Мајкл Помпео.
Смената во тимот на Трамп се случува пред почетокот на преговорите со Северна Кореја.
На чело на ЦИА е именувана Џина Хаспел, додегашен заменик директор.