
Прва жртва на корона вирусот во Албанија
Жена, која во Албанија, се вратила од Италија пред десетина дена е првата жртва на корона вирусот, јавуваат албанските медиуми. Станува збор за 73-годишна жена која била примена во болница во Драч со воспаление на белите дробови. На докторите не им кажала дека била во Италија, па тие првично ја лечеле од грип, но откако им кажала дека се вратила од соседната земја, направено и е тестирање и потврден корона вирус. Нејзината состојба во болница се влошила бидејќи била хронично болна и имала срцева слабост. Лекарите сакале да ја пренесат на Инфективната клиника во Тирана, но процениле дека нема да го издржи патувањето. По неколку срцеви удари, таа починала.
Пред да биде хоспитализирана била на погреб, јавуваат албанските медиуми.